Промени тема
Контакт

Трамп го враќа вистинскиот шеќер во Кока-Кола, бил подобар од сирупот од пченка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
koka-kola

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Кока-кола се согласила да користи вистински шеќер од трска во своите пијалаци во Америка.

Кока-кола става пченкарен сируп во своите американски производи, но министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор бил загрижен за неговото влијание врз здравјето.

— реклама —

„Зборував со компанијата за користењето на вистински шеќер во кока-колата во САД и тие се согласија.Ќе видите, сега ќе биде подобра. Би сакал да им се заблагодарам на сите надлежни во компанијата“, порача Трамп.

— реклама —

Од друга страна портпаролот на Кока-кола кажа дека го ценат ентузијазмот на Доналд Трамп и наскоро ќе споделат детали за новите иновативни понуди за производи, не прецизирајќи ја конечната одлука.

Инаку кока- колата која се продава во САД обично е засладена со сируп од пченка, а во други земји, како што се Мексико, Велика Британија и Австралија се користи шеќер од трска.

— реклама —

Во април, извршниот директор на Кока-кола, Џејмс Квинси, им рече на инвеститорите дека продолжуваат со намалувањето на шеќерот во своите пијалаци.

— реклама —

Шеќерот од трска престана да се користи во производството на храна пред околу 40 години, кога тогашниот претседател Роналд Реган стави ограничување на увозот на шеќер, зголемувајќи ја цената на домашниот шеќер.

Трамп редовно пие диетална кока-кола, за која се користи вештачки засладувач аспартам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања