Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Трамп ја разбуди Европа“ – британскиот министер за одбрана со неочекувана порака

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Европа еден ден ќе му биде благодарна на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што ја принудил да ја зајакне сопствената одбрана и да ја намали зависноста од САД, изјави британскиот министер за одбрана Вес Стритинг.

— реклама —

Во интервју за „Скај њуз“, Стритинг оцени дека Трамп ја разбудил Европа во поглед на издвојувањата за одбраната.

„Кога ќе се пишува историјата, Европа ќе му биде благодарна на претседателот Трамп што нè разбуди од удобноста во која бевме кога станува збор за инвестициите во одбраната“, рече Стритинг.

— реклама —

Тој нагласи дека не секогаш се согласува со изјавите и методите на Трамп, но додаде дека американското незадоволство од недоволните европски вложувања во одбраната не е ново и не е ограничено само на администрацијата на Трамп.

— реклама —

„Тоа не е став само на Трамп, движењето МАГА или Републиканската партија. Незадоволството на САД од Европа по ова прашање постои со децении, без разлика дали на власт се демократи или републиканци“, истакна британскиот министер.

Стритинг рече дека има доверба во Соединетите Американски Држави и ја нагласи важноста на безбедносното партнерство меѓу Лондон и Вашингтон.

— реклама —

Осврнувајќи се на разговорот со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, тој повтори дека Велика Британија не ги поддржува офанзивните воени операции против Иран, но оцени дека двете земји можат тесно да соработуваат во обезбедувањето на Ормускиот теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Европа бара работници, но квалификуван кадар нема: Во Германија едно место се пополнува за речиси осум месеци

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 2 седмици

market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 2 седмици

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања