Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трамп: Ќе бидам заштитник на американските Евреи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп го осуди антисемитизмот неколку часа откако Си-Ен-Ен објави дека републиканскиот кандидат за гувернер во Северна Каролина, Марк Робинсон, дал серија расни и сексуални коментари на веб-страница, каде што исто така се нарекува себеси „црн нацист“.

— реклама —

Трамп не ги коментираше изјавите на Робинсон за време на вчерашното обраќање пред група еврејски донатори и Израелско-американскиот совет во Вашингтон, пренесува АП.

— реклама —

Кампањата на Трамп издаде соопштение откако Си-Ен-Ен ги објави коментарите на Робинсон, но не го спомна Робинсон.

Во официјалното соопштение се наведува дека Трамп е „фокусиран да ја освои Белата куќа и да ја спаси земјата“ и дека Северна Каролина е „витален дел од тој план“.

— реклама —

Вчера, на донаторски настан во Вашингтон наречен „Борба против антисемитизмот во Америка“, Трамп им вети на американските Евреи дека ќе биде нивен заштитник.

— реклама —

„Моето ветување до Евреите Американци е ова: со вашиот глас ќе бидам ваш бранител, ваш заштитник и ќе бидам најдобриот пријател што Евреите Американци некогаш го имале во Соединетите држави“, рече Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd

Нетанјаху и Трамп договорија средба во САД

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryc2tg8atnqr6k7S2B0cU

(Видео) Трамп објави видео направено со вештачка интелигенција: Во улога на лекар им препишува „терапија“ на своите противници

Свет | пред 12 часа

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Трамп првпат полета со луксузниот авион што му го подари Катар

Свет | пред 2 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Разговорите со Иран се одвиваат многу добро

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања