„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Трамп: Мора да го имаме Гренланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-17.55.24

Од враќањето на власт во јануари, Трамп постојано инсистираше на тоа дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд, одбивајќи да ја исклучи можноста за употреба на сила за да се постигне таа цел.

— реклама —

„Потребен ни е Гренланд за меѓународна безбедност. Ни треба. Мора да го имаме. Мразам да го кажам, но мораме да го имаме“, му рече Трамп сега на Винс Кољанезе.

Гренланд, кој бара независност од Данска, има огромни неискористени резерви на минерали и нафта. Се наоѓа помеѓу Северна Америка и Европа, што е важно во време на зголемен интерес за Арктикот од страна на САД, Кина и Русија.

— реклама —

На прашањето дали мисли дека Гренланѓаните се желни да се приклучат на Соединетите Држави, Трамп рече дека не знае.

„Мораме да ги убедиме. И мора да ја имаме таа земја, бидејќи без неа не е можно правилно да се одбрани голем дел од Земјата, а не само САД“, рече тој.

Коментарите на Трамп ја поттикнаа данската премиерка Мете Фредериксен да се огласи на Фејсбук. „Не смееме да имаме илузии - интересот на претседателот Трамп за Гренланд не исчезнува. Тие знаат дека Гренланд не е на продажба. Тие знаат дека Гренланд не сака да биде дел од САД“, напиша таа.

Изјавата на Трамп доаѓа додека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се подготвува да ја посети американската база Питуфик на Гренланд со неговата сопруга Уша.

Гренландските власти постојано повторуваат дека не сакаат да бидат дел ниту од Данска, ниту од Соединетите држави. Според анкетите, повеќето Гренландци ја поддржуваат независноста од Данска, но не и анексија од Вашингтон. По изборите на 11 март, Гренланд моментално има преодна влада, а партиите се уште преговараат за формирање нова коалициска влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања