Промени тема
Контакт

Трамп му се закани на Иран: „Ако нема договор, ќе се случат лоши работи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри пораки кон Иран, предупредувајќи дека доколку тековните преговори не вродат со успех, „најверојатно ќе се случат лоши работи“. И покрај заканувачкиот тон, Трамп потврди дека дипломатските разговори меѓу Вашингтон и Техеран се во тек и дека сè уште постои можност за договор.

— реклама —

„Во моментов имаме бродови кои пловат кон Иран, големи, најголеми и најдобри. Разговараме со Иран и ќе видиме како ќе заврши сè“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека договорот би бил „одличен“, но предупреди дека во спротивно ќе следуваат последици, нагласувајќи дека неуспехот на преговорите може да доведе до сериозни настани.

Во меѓувреме, дипломатските активности се интензивираат. Според информации објавени од американски медиуми, се очекува специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, да се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Аббас Арагчи во Истанбул, каде што би продолжиле разговорите за иранската нуклеарна програма. Иако подготовките се во тек, изворите наведуваат дека плановите сè уште не се конечни и остануваат подложни на промени.

— реклама —

Во посредничката улога во изминатиот период се вклучени Турција, Египет и Катар, кои, според дипломатски извори, придонеле за олеснување на контактите меѓу САД и Иран. Арагчи веќе престојуваше во Истанбул, каде што оствари средби со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан. Иако официјални соопштенија немаше, иранските медиуми објавија дека претседателот Масуд Пезешкијан дал налог преговорите со САД да продолжат.

— реклама —

Острите изјави на Трамп доаѓаат по неговото неодамнешно тврдење дека кон Иран се движи голема „армада“, како и по повиците Техеран итно да седне на преговарачка маса. Американскиот претседател подоцна изјави дека Иран „сериозно разговара“ со САД, но истовремено не ја исклучи можноста за воена ескалација.

Тензиите меѓу двете земји дополнително се влошија по настаните од минатата година, кога Израел, со поддршка на Вашингтон, започна повеќедневни напади врз цели во Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, но и цивилна инфраструктура. Во тие напади загинаа високи воени команданти и научници. Иран возврати со ракетни и беспилотни напади врз израелски воени и разузнавачки цели, по што Соединетите Американски Држави изведоа воздушни удари врз ирански нуклеарни постројки.

— реклама —

Во ваков контекст, Трамп и претходно се закануваше со директна воена интервенција, а ситуацијата дополнително се заостри и по антивладините протести во Иран, предизвикани од падот на вредноста на ријалот, високата инфлација и влошените животни услови. Иранските власти веќе предупредија дека секој евентуален американски напад би наишол на „брз и сеопфатен“ одговор, што дополнително ја држи меѓународната јавност во неизвесност околу исходот на актуелните преговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 1 ден

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања