Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Воен удар врз Иран останува опција ако нема поволен договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воена акција против Иран и натаму останува можна доколку преговорите не резултираат со договор што ќе биде прифатлив за САД.

— реклама —

Во интервју за телевизијата „Фокс њуз“, кое треба да биде емитувано утре, Трамп оцени дека претходните американски воени операции значително ги ослабнале иранските нуклеарни амбиции и го намалиле капацитетот на земјата.

Тој нагласи дека главен услов за каков било договор е постигнување „добар договор за САД“, што, според него, претставува црвена линија за Вашингтон.

— реклама —

„Да не беа американските удари со бомбардерите Б-2 пред девет месеци, Иран веќе ќе поседуваше нуклеарно оружје“, изјави Трамп.

— реклама —

Американскиот претседател додаде дека САД имаат значителна преговарачка предност, тврдејќи дека Иран е сериозно ослабен воено, а неговите поморски и воздушни сили се во голема мера нефункционални.

Во меѓувреме, американски извори претходно соопштија дека е постигнат прелиминарен договор за меморандум за разбирање, со кој примирјето меѓу САД и Иран би било продолжено за 60 дена, а би биле отворени и преговори за иранската нуклеарна програма. Сепак, според истите извори, документот сè уште чека одобрување од Трамп.

Од друга страна, иранската агенција „Тасним“, повикувајќи се на извор близок до иранскиот преговарачки тим, објави дека текстот на евентуалниот меморандум меѓу Техеран и Вашингтон сè уште не е финализиран ниту официјално потврден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

barak-obama

(Видео) Обама го исмеа Трамп: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил ресторан

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп попушти: САД укинуваат дел од царините за канадската стока

Свет | пред 8 часа

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

Трамп: Нема да ја претворам прес-салата во базен, никогаш не би ми паднала на памет таква глупост

Свет | пред 12 часа

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања