Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трамп не се откажува од Гренланд и од Панамскиот канал: „Не можам да исклучам ниту испраќање војска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека не може да каже дека нема да користи воени и економски алатки за да добие контрола врз Панамскиот канал и Гренланд, пишува новинската агенција Ројтерс.

– Сепак, можам да го кажам ова: ни требаат за економска безбедност – рече Трамп.

— реклама —

Островот Гренланд е сопственост на Кралството Данска, а таму се наоѓа базата на американските вселенски сили Питуфик.

Со Панамскиот Канал денес управува Управата на Панамскиот Канал. САД го контролираа Каналот од 1914 до 1977 година, кога Американците и Панамците почнаа заеднички да управуваат со него. Панама ја презеде контролата над Каналот во 1999 година.

— реклама —

Пред неговата инаугурација на 20 јануари, новоизбраниот претседател на САД вети дека Мексиканскиот Залив ќе го направи Американскиот Залив и ќе воведе тешки царини за Мексико и Канада.

— реклама —

- (Мексиканскиот Залив) зафаќа голема територија. Американски Залив, какво убаво име – рече Трамп.

Трамп претходно изјави дека ќе го смени името на најголемиот планински врв во Северна Америка - Денали. Поточно, тој вети дека повторно ќе се вика Монт Мекинли. Поранешниот американски претседател Барак Обама го промени името на планинскиот врв лоциран во американската држава Алјаска во чест на домородните Американци.

— реклама —

Новинската агенција Асошиетед прес пишува дека Трамп им рекол на жителите на Гренланд дека Америка ќе биде добра со нив.

Доналд Трамп Јуниор и претставници на новоизбраниот претседател на САД во вторникот го посетија Гренланд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања