Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Немам ништо против Кина да произведува автомобили во САД, важно е да вработува Американци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема ништо против кинески компании да отворат фабрики и да произведуваат автомобили во САД, под услов производството да биде на американска територија и да вработува американски работници.

Ставот доаѓа во време на силен притисок од дел од американските законодавци и автомобилската индустрија трајно да се ограничи пристапот на кинеските производители до американскиот пазар.

— реклама —

„Ако Кина сака да дојде и да отвори фабрика за тука да ги произведува своите автомобили, тоа би било во ред за мене. Јапонија го прави тоа, но ги вработува нашите луѓе. Важно е да ги вработуваат нашите луѓе“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Тој, сепак, направи јасна разлика меѓу производство во САД и увоз. Според Трамп, не сака кинеските компании да произведуваат автомобили во Мексико, а потоа да ги извезуваат на американскиот пазар.

Изјавата доаѓа пред најавената средба на Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг за околу две недели, во период кога американските автомобилски производители бараат Вашингтон да не ѝ овозможи на кинеската автоиндустрија поширок пристап до пазарот.

— реклама —

Дополнителна полемика отвори демократската сенаторка Елиса Слоткин, која рече дека постојат „гласини“ оти Трамп планира да дозволи продажба на кинески автомобили во САД како дел од поширок договор што се подготвува. Таа таквиот потег го оцени како „стратешка грешка“.

Трамп ги отфрли нејзините тврдења како „целосно лажна гласина“ и рече дека токму тој го блокирал влезот на кинеските возила во САД.

— реклама —

Во моментов американскиот пазар е силно затворен за кинеската автомобилска индустрија. Пропис воведен од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден на почетокот од 2025 година им забранува на кинеските производители да продаваат или произведуваат патнички возила во САД, а Вашингтон задржува и царини повисоки од 100 отсто за кинеските електрични автомобили.

Притисокот за дополнително заострување продолжува. „Alliance for Automotive Innovation“, организација која ги претставува речиси сите големи производители на американскиот пазар, побара од Конгресот до крајот на декември да усвои закон со кој трајно би се забранил пристапот на кинеските возила.

Организацијата ги претставува „Џенерал моторс“, „Форд“, „Тојота“, „Фолксваген“, „Хјундаи“, „Хонда“, „Стелантис“ и други производители.

Нејзиниот претседател Џон Бозела тврди дека кинеските производители во светот пласираат субвенционирани возила со поврзан хардвер и софтвер по цени со кои другите производители тешко можат да се натпреваруваат.

Изјавата на Трамп, сепак, покажува дека тој не ја исклучува кинеската автомобилска индустрија целосно – неговиот услов е производството и работните места да бидат во САД, наместо автомобилите да се произведуваат во трети земји и потоа да се увезуваат на американскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 13 часа

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 14 часа

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 1 ден

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања