Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп по соборувањето на Ф-15: „Во војна сме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека соборувањето на борбениот авион Ф-15 над Иран нема да влијае на разговорите со таа земја, бидејќи, како што рече, во тек е војна, пренесува NBC News.

— реклама —

Ова е прва изјава на Трамп по инцидентот, во кој еден пилот бил спасен, додека потрагата по вториот сè уште трае.

— реклама —

Трамп одби да ги коментира деталите за операцијата за пребарување и спасување што е во тек во Иран, но изрази незадоволство од медиумското известување за, како што ја нарече, интензивната и чувствителна воена операција.

„Не, никако. Тоа е војна. Ние сме во војна“, изјави Трамп на прашањето дали настаните ќе влијаат врз разговорите со Иран.

— реклама —

Во меѓувреме, иранската полузванична агенција Fars News Agency, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот бил одбиен.

— реклама —

Претходно оваа недела, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека земјата ќе прифати само траен прекин на војната, а не привремено примирје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 16 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања