Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп подготвува проширување на историскиот договор: „Ништо нема да го надмине“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите меѓу САД и Иран „добро напредуваат“, но предупреди дека доколку не се постигне договор, Блискиот Исток би можел повторно да се соочи со голем конфликт.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека договор ќе биде можен само ако биде „добар за сите страни“.

— реклама —

„Ако нема договор, враќањето на бојното поле и пукањата ќе бидат поголеми и посилни од кога било досега – а тоа никој не го сака“, напиша Трамп.

— реклама —

Тој откри дека во саботата разговарал со повеќе лидери од регионот, меѓу кои саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, јорданскиот крал Абдула Втори и пакистанскиот воен лидер Асим Мунир.

Трамп ги повика земјите од регионот да им се приклучат на Аврамовите договори – дипломатска иницијатива започната за време на неговиот прв мандат, со која неколку арапски држави ги нормализираа односите со Израел.

— реклама —

„Повеќето земји треба да бидат подготвени ова да го претворат во историски настан“, порача Трамп.

— реклама —

Тој оцени дека Аврамовите договори донеле економски и општествен напредок и додаде дека нивното проширување може да донесе „сила, стабилност и мир на Блискиот Исток за првпат по 5000 години“.

Трамп наведе дека Саудиска Арабија и Катар треба да бидат меѓу првите нови членки на договорот, а посочи дека би му било чест доколку еден ден и Иран се приклучи на оваа иницијатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 20 часа

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 22 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања