Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп попушти: САД укинуваат дел од царините за канадската стока

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

САД ќе укинат дел од царините од 50 отсто за одредени канадски производи од 30 октомври, соопшти Белата куќа, наведувајќи дека целта е зачувување на економскиот напредок и националната безбедност на Американците.

— реклама —

Од списокот на производи што подлежат на царини ќе бидат отстранети иверицата, одредени производи од хартија, дел од машините и опремата за ладење, како и амбалажните сандаци и кутии. Истовремено, царини ќе бидат воведени за други производи, меѓу кои одредени видови вентили, теписи и производи изработени од отпад.

— реклама —

Ова ослободување од царините би можело да им помогне на републиканските кандидати на изборите на 3 ноември, бидејќи многу американски гласачи ги посочуваат трошоците за живот и економските притисоци како најважни проблеми.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Канада „многу сака“ трговски договор со САД. Канадскиот премиер Марк Карни, пак, порача дека неговата земја е отворена за договор од кој ќе имаат корист двете страни, но и дека е подготвена да чека доколку е потребно.

— реклама —

Откако трговските преговори пропаднаа во текот на летото, започна царинска војна што им нанесе штета на луѓето од двете страни на границата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

Повеќе од 400 дрвја веќе биле исечени: Судот го запре планот на Трамп за реконструкција на голф-терен во Вашингтон

Свет | пред 5 часа

— реклама —
IMG_9705

Засилено обезбедување на Трамп по разузнавачки информации за можен ирански атентат

Свет | пред 7 часа

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Синот на Трамп инвестира во воени роботи: Израел преговара за набавка на 1.000 хуманоидни машини

Свет | пред 7 часа

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања