Промени тема
Контакт

Трамп повторно шокира: САД излегува од 66 меѓународни тела и договори, не го интересира ниту климата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Tramp-5-696x464

Не престануваат изненадувањата од администрацијата на Доналд Трамп, која донесе одлука Соединетите Американски Држави да се повлечат од вкупно 66 меѓународни организации и договори, вклучувајќи и низа тела на Обединетите нации поврзани со борбата против климатските промени, објави Би-би-си.

— реклама —

Меѓу напуштените договори е и Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC), која претставува основа на глобалната соработка за справување со глобалното затоплување. На списокот се најде и Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), телото на ОН задолжено за научна процена на климатските промени на светско ниво.

Од Белата куќа соопштија дека повлекувањето е резултат на ревизија на меѓународните ангажмани на САД, при што овие организации биле оценети како структури што „повеќе не им служат на американските интереси“. Според администрацијата, тие промовираат агенди што се неефикасни, идеолошки или директно спротивни на приоритетите на САД, ставајќи „глобалистички цели пред националните интереси“.

— реклама —

Со одлуката, САД го прекинуваат финансирањето и учеството во тела кои, како што се наведува, трошат средства на даночните обврзници за политики поврзани со радикални климатски мерки, глобално управување и програми што, според Белата куќа, го поткопуваат американскиот суверенитет и економска моќ.

— реклама —

Освен климатските организации, погодени се и повеќе агенции на ОН што работат во областите на мирот и демократијата, семејното планирање, здравјето на мајките и децата, како и спречувањето сексуално насилство во вооружени конфликти.

Меморандумот за повлекување бил потпишан во средата. Ова не е прв ваков чекор на Трамп, кој и претходно ги критикуваше климатските политики, нарекувајќи ги „измама“, и укинуваше или намалуваше финансиска поддршка за меѓународни организации. Минатата година тој повторно ги повлече САД од Парискиот договор за климата и одби да испрати американска делегација на климатскиот самит COP30 во Бразил.

— реклама —

Иако Уставот на САД предвидува јасна процедура за пристапување кон меѓународни договори со одобрение од Сенатот, правната рамка за повлекување од вакви обврски останува нецелосно дефинирана, што отвора нови прашања за институционалната и правната тежина на одлуката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryodu5a8damiipetyam0w

Северна Кореја ги нападна САД поради оружјето за Тајван: „Вашингтон ги зголемува тензиите“

Свет | пред 16 минути

— реклама —
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 21 час

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања