Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп пресудата ја нарече „срамна“, најави извршна уредба за нови глобални царини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел сеопфатни царини на глобално ниво, оценувајќи дека за таков потег немал соодветно законско овластување.

— реклама —

Одлуката претставува тежок удар за Белата куќа во прашање кое е клучно за надворешната и економската политика на претседателот. Според американските медиуми, станува збор за една од најзначајните пресуди против втората администрација на Трамп.

— реклама —

На прес-конференција, Трамп ја нарече одлуката „срамна“ и најави дека ќе воведе нови глобални царини од 10 отсто преку друга извршна уредба, за која, како што тврди, не е потребна согласност од Врховниот суд.

Поништените „реципрочни царини“ биле воведени повикувајќи се на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања од 1977 година, кој му дозволува на претседателот да замрзнува имот и да блокира трансакции во услови на вонредна состојба, но во него не се споменуваат царини како инструмент.

— реклама —

Трамп изјави дека ќе продолжи да ја спроведува својата економска агенда, додавајќи дека постојат „методи, практики, закони и овластувања“ кои, според него, се „дури и посилни“ од механизмите на кои се повикал претходно.

— реклама —

Новата глобална царина од 10 отсто би се вовела врз основа на федерален закон што дозволува вакви мерки во ограничен рок од 150 дена. Доколку Конгресот го поддржи планот, мерката би можела да биде продолжена со законска процедура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Британските партии се дистанцираат од Трамп: Фотографијата со Путин предизвика остри реакции

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryr3ol6428dv1nfzdQFDZ

(Видео) Трамп го поврза своето разбирање на науката со семејното потекло: „Можеби сум генетски благословен“

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп се закани со огромни даноци за американските компании што градат центри за податоци во странство

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп најави вето на законите на демократите: „Ќе им блокирам сè ако ја преземат контролата врз Конгресот“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања