Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп првпат полета со луксузниот авион што му го подари Катар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2
The White House

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска првпат полета со преуредениот авион „Боинг 747“, кој Соединетите Американски Држави го добија како подарок од Катар. Луксузното летало, чија вредност се проценува на околу 400 милиони долари, минатиот месец официјално беше вклучено во претседателската флота.

— реклама —

Пред да биде пуштен во употреба, авионот поминал низ обемни безбедносни модификации, финансирани од американските даночни обврзници. Трамп со него отпатува во Северна Дакота, каде што ја посети новата претседателска библиотека на Теодор Рузвелт.

— реклама —

Пред полетувањето, американскиот претседател изјави дека граѓаните треба да бидат горди на новиот авион.

„Искрено, возбуден сум поради првиот лет. Мислам дека земјата треба да биде многу горда. Прекрасен е“, им рече Трамп на новинарите.

— реклама —

Трамп го прифати авионот како подарок од Катар во мај 2025 година, што предизвика бројни политички, правни и етички реакции во САД. Демократите го оценија потегот како „отворена корупција“, додека Белата куќа тврдеше дека станува збор за легален подарок од сојузничка држава.

— реклама —

Авионот е префарбан во црвена, бела и темносина боја, со што е напуштен препознатливиот сино-бел изглед што со децении го имаа претседателските авиони „Ер Форс Уан“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 13 минути

— реклама —
media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 2 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 3 часа

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Трамп призна дека поддршката за Израел и војната придонеле за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања