Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се соочуваат со Иран со цел да ги заштитат Израел, Блискиот Исток и западните земји од потенцијални напади.
„Ова го правиме за да му помогнеме на Блискиот Исток. Ова го правиме за да му помогнеме на Израел. Ова го правиме за да си помогнеме себеси, бидејќи доколку не сме ние, откако ќе го уништат Израел, што многу би сакале да го направат, а потоа и Блискиот Исток, би ја нападнале Европа и некои од нашите градови“, рече Трамп.
Тој истакна дека САД „постигнуваат многу добар напредок“ во конфликтот со Иран.
Трамп претходно испрати порака до израелската јавност во врска со најновата ескалација на конфликтот со Техеран, уверувајќи дека Израел не треба да стравува.
„Израел не треба да се грижи. Знаете зошто? Затоа што јас сум претседател и јас ќе се грижам за Израел“, изјави Трамп за израелската телевизија КАН.