Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трамп се закани: Ако некој се приближи до ураниумот, ќе го разнесеме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД внимателно го надгледуваат иранскиот збогатен ураниум и дека се подготвени да реагираат доколку добијат информации за активности на локацијата каде што се чува.

Во интервју за емисијата „Фул мејџр“, Трамп рече дека американските сили ја следат локацијата и предупреди на можен одговор.

— реклама —

„Ако некој се приближи до тоа место, ќе знаеме и ќе ги разнесеме“, изјави Трамп.

Тој додаде дека САД „во одреден момент“ ќе дојдат до иранскиот збогатен ураниум.

— реклама —

Американскиот претседател говореше и за Ормутскиот Теснец, нагласувајќи дека САД не зависат од тој поморски правец и дека американското присуство таму е насочено кон помош на сојузниците во регионот.

— реклама —

„Тоа го правиме за да им помогнеме на Израел, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и другите“, рече Трамп.

Тој истовремено изјави дека САД моментално произведуваат повеќе нафта и гас од Русија и Саудиска Арабија заедно и дека очекува производството дополнително да се зголеми до крајот на годината.

— реклама —

Во меѓувреме, ирански воен портпарол за државната агенција ИРНА изјави дека иранските сили се во „целосна готовност“ за заштита на нуклеарните постројки каде што се складира ураниум.

Бригадниот генерал Акрам Нија изјави дека Иран смета оти постои можност САД да се обидат да го преземат ураниумот преку инфилтрација или воздушна операција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

Трамп се закани со уништување на 38 мостови во Иран за само еден час

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library1qg134pql4pja2SehEN

Ердоган и Трамп разговараа за војните во Украина и на Блискиот Исток

Свет | пред 1 ден

media-libraryc7gbdcme6o5973a4nD2

Новиот шеф на кабинетот на Белата куќа: Трамп ја спаси Америка

Свет | пред 1 ден

media-library7ndohbeu9nk375LKprR

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа, наводно се заканувал дека ќе го убие Трамп

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања