Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп се закани со нови напади врз Иран: „Ќе ги погодиме многу силно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе извршат нови напади врз Иран, откако претходно го обвини Техеран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во близина на брегот на Оман.

Одговарајќи на новинарско прашање во Овалната соба за неговата претходна изјава дека Иран „ќе мора да ја плати цената“, Трамп рече:

— реклама —

„Ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно.“

На прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањата, тој одговори потврдно.

— реклама —

„Да, со оглед на хеликоптерот, претпоставувам дека имаме право на тоа“, изјави Трамп.

Тој додаде дека американските сили веќе извршиле напади врз Иран и најави нови акции.

„Вчера силно ги погодивме и денеска повторно ќе ги погодиме, во случај да ви промакнало, во случај да не сте гледале телевизија“, рече американскиот претседател.

— реклама —

Трамп повторно го повика Иран да го прифати нуклеарниот договор што, според него, веќе е целосно договорен.

„Треба да го потпишат договорот. Тоа е добар договор. Тој му забранува на Иран кога било да поседува нуклеарно оружје“, изјави Трамп.

Тој додаде дека не му е јасно зошто Техеран сè уште не го прифаќа договорот.

„Не знам што прават. Договорот е целосно испреговаран, но Иран одолговлекува и одолговлекува“, рече Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

barak-obama

(Видео) Обама го исмеа Трамп: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил ресторан

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп попушти: САД укинуваат дел од царините за канадската стока

Свет | пред 6 часа

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

Трамп: Нема да ја претворам прес-салата во базен, никогаш не би ми паднала на памет таква глупост

Свет | пред 9 часа

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања