Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп со „Ѕверот“ ќе ја отвори спектакуларната IndyCar трка во Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Американскиот претседател Доналд Трамп викендов ќе го означи почетокот на трката од серијата IndyCar во Вашингтон со почесен круг во својата блиндирана лимузина, позната како „Ѕверот“, како дел од прославите по повод 250-годишнината од независноста на САД.

— реклама —

Трката „Freedom 250 Grand Prix“ ќе се вози по улиците на американската престолнина, покрај некои од најпознатите знаменитости, меѓу кои Капитол и музеите „Смитсонијан“. Возачите ќе треба да извозат 147 круга на патеката долга речиси три километри, при што болидите ќе достигнуваат брзина и до 300 километри на час.

— реклама —

Поради високите брзини, организаторите морале да заварат повеќе од 200 капаци од шахти долж патеката, со цел да спречат нивно поместување за време на трката.

Тренинзите и квалификациите ќе се одржат денеска, додека главната трка е закажана за утре. По почесниот круг, Трамп се очекува со зелено знаме да го означи стартот на трката.

— реклама —

Трошоците за организацијата ги покрива серијата IndyCar, а поради одржувањето на настанот дел од најфреквентните улици во Вашингтон ќе бидат затворени неколку дена. Предвидени се и строги безбедносни мерки, при што сите посетители ќе мора да поминат низ детектори за метал.

Трката е дел од летните настани со кои САД ја одбележуваат 250-годишнината. Прославите започнаа во јуни со боречки настан на УФЦ, кој се одржа во голем кафез поставен на тревникот пред Белата куќа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 8 часа

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 18 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања