Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп со нова географска „лекција“: Крим е „среде океан“ и „голем колку Тексас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изненади јавноста со своите изјави за Украина. Во интервју за конзервативниот радио-водител Марк Левин, Трамп изјави дека Крим е „парче земја среде океан“ и „голем колку Тексас“.

„Прекрасен е. Знаете, тој огромен дел земја што вирее среде океан, среде Црното Море. Толку е убав, навистина прекрасен,“ рече Трамп, додавајќи дека поранешниот претседател Барак Обама наводно ѝ порачил на Украина „да го препушти Крим на Русија“.

— реклама —

Фактите се сосема поинакви. Крим не е „среде океан“, туку полуостров во Црното Море, кој со копното е поврзан преку украинската област Херсон. Со Русија е споен единствено преку 19-километарскиот Керчки мост, изграден по руската незаконска анексија во 2014 година – мост кој редовно е цел на украинските напади.

— реклама —

Површината на полуостровот изнесува околу 27.000 квадратни километри, што е приближно еднакво на американската сојузна држава Масачусетс или на Хаити. Тексас, пак, е 26 пати поголем и дури нешто поширок од цела Украина.

Во февруари 2014 година Русија распореди околу 30.000 војници на Крим, во време кога во Киев траеја крвавите денови на Евромајдан. За кратко време Москва ја презеде контролата и организираше нелегитимен референдум, без меѓународни набљудувачи и со вооружени војници на избирачките места. Кремљ тогаш објави дека 97% од гласачите наводно поддржале припојување кон Русија. Анексијата на Крим претставуваше најголемо насилно прекројување на границите во Европа по Втората светска војна – сè до целосната руска инвазија врз Украина во 2022 година.

— реклама —

Ова не е првпат Трамп да даде конфузни изјави за Крим. Во април годинава тој на сопствената мрежа Truth Social напиша: „Зошто не се бореа за него пред 11 години, кога беше предаден на Русија без испукан куршум?“

— реклама —

Фактите, сепак, јасно покажуваат дека Москва со години пред анексијата ја зголемуваше својата воена присутност на полуостровот преку договори со прорускиот претседател Виктор Јанукович. Русија тајно внесуваше ново оружје на Крим, а потоа го искористи политичкиот хаос во Киев за да ја преземе територијата.

Со последната изјава, Трамп уште еднаш демонстрираше површно разбирање на географијата и на историјата на конфликтот. За Москва, пак, ваквите зборови од американски лидер се дипломатски подарок – бидејќи индиректно ја релативизираат најголемата повреда на меѓународното право во современа Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија остана без доволно бензин по украинските напади: Масовно увезува гориво и со понизок квалитет

Свет | пред 13 часа

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Руски напад врз пазар во Украина: Повредени 11 лица, меѓу нив и 11-годишно дете

Свет | пред 13 часа

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања