Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп со порака до Британија: „Не бевте тука кога ни требаше помош“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека САД можеби нема да ја поддржат Велика Британија во евентуален иден конфликт со Аргентина околу Фолкландските Острови.

— реклама —

Трамп својот став го поврза со однесувањето на Велика Британија во конфликтот со Иран, посочувајќи дека Лондон не ѝ помогнал на американската војска, иако, како што рече, помошта не им била потребна.

На прашањето дали би ѝ помогнал на Велика Британија во евентуален територијален спор, Трамп рече дека секогаш ги преиспитува своите ставови. Тој потсети дека побарал од НАТО и од британскиот премиер да испратат бродови, но оти му било одговорено дека немаат расположливи бродови.

— реклама —

Трамп и претходно навести дека Вашингтон би можел да го преиспита својот став за суверенитетот над Фолкландските Острови доколку Велика Британија не ги зголеми издвојувањата за одбраната. САД официјално имаат неутрален став за прашањето на суверенитетот, иако ја признаваат британската фактичка управа над островите.

— реклама —

Изјавите доаѓаат во пресрет на најавеното телевизиско обраќање на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој треба да зборува за историското право на Аргентина врз островите.

Фолкландските Острови се предмет на долгогодишен спор меѓу Велика Британија и Аргентина. Двете земји водеа војна во 1982 година, откако аргентинските сили ги зазедоа островите. Британските сили по 74 дена борби ја потиснаа аргентинската армија.

На референдумот во 2013 година, дури 99,8 отсто од жителите на островите гласаа да останат под британска управа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 22 часа

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 23 часа

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 1 ден

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања