Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трамп сподели објава во која тврди дека Зеленски ќе мора да ги прифати условите и да отстапи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-03-02-at-09.58.51

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа сподели објава на својата социјална мрежа Truth Social во која тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „нема да има друг избор освен да ги прифати условите на Вашингтон“ во врска со договорот за минерали бидејќи, според него, Киев не може да издржи војна со Русија без американска поддршка.

Објавата што Трамп ја твитна првично е напишана од конзервативниот коментатор Мајкл МекКун, а доаѓа само неколку дена по жестоката конфронтација меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа на 28 февруари, која заврши со откажување на планираното потпишување на договор за соработка со природни ресурси меѓу САД и Украина.

„Трамп играше како шаховски мајстор. На крајот, Зеленски нема да има друг избор освен да отстапи бидејќи без американска помош Украина не може да победи во долготрајната војна против Русија“, се вели во објавата што ја сподели Трамп.

— реклама —

Во коментарот се тврди и дека Трамп всушност „ја штити Украина без да ги вовлекува САД во војна“, а самиот договор за минерали е опишан како „брилијантен потег“.

[caption id="attachment_323189" align="alignnone" width="597"] Screenshot[/caption]

— реклама —

Конфликтот во Белата куќа се случи откако Зеленски побара безбедносни гаранции за Украина и потсети дека Русија постојано ги прекршила договорените прекини на огнот, на што Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс го обвинија дека не е доволно благодарен и дека нема реална позиција.

— реклама —

По средбата Трамп рече дека Зеленски „не е човек кој сака мир“. „Тој бара нешто што јас не го барам“, им рече Трамп на новинарите, повторувајќи дека Зеленски сака само „борба, борба, борба“.

Во интервју за Фокс њуз, Зеленски ги отфрли обвинувањата на Трамп, велејќи дека Украина е подготвена за мир, но јас морам да бидам во добра позиција. „Сакаме мир... затоа дојдов кај претседателот Трамп“, рече Зеленски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Трамп: Иранското раководство е дволично

Свет | пред 8 часа

media-library85s4i7u0gf3m5FsVKGB

(Видео) Мароко именува автопат по Доналд Трамп

Свет | пред 9 часа

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Иран го демантираше Трамп: Нема нови преговори со САД

Свет | пред 11 час

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп му даде поддршка на републиканецот што гласаше против неговата политика кон Иран

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања