Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Танкерите доаѓаат по „најдобрата нафта во светот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека голем број празни нафтени танкери се движат кон САД за да се наполнат со, како што рече, „најдобрата и најслатка нафта и гас во светот“.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп нагласи дека САД располагаат со поголеми резерви од следните две најголеми нафтени економии заедно, при што квалитетот, според него, е повисок.

— реклама —

Изјавата доаѓа во период на силни осцилации на глобалниот нафтен пазар, предизвикани од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, како и од ситуацијата со Ормутски теснец – клучен поморски коридор за транспорт на енергенси.

Цената на нафтата „брент“ неделава достигна над 111 долари за барел, по што падна под 92 долари по најавата за условно двонеделно примирје и можност за повторно отворање на теснецот.

— реклама —

И покрај падот, цените остануваат значително повисоки од периодот пред ескалацијата на конфликтот кон крајот на февруари, кога барел се тргуваше околу 70 долари.

— реклама —

Затворањето на Ормутскиот теснец, преку кој минува околу петтина од светската нафта, предизвика дополнителен притисок врз цените на горивата и храната на глобално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Бајден го откри писмото што Трамп му го оставил во Белата куќа во 2021 година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Републиканците објавија извештај за Епстин: Тврдат дека Трамп не бил вмешан во мрежата за трговија со луѓе

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Иран: Нема преговори со САД, Ормускиот Теснец останува затворен до исполнување на условите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп: Не е точно дека ги ставам сопствените финансиски интереси пред претседателската функција

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања