Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Уништени се ирански брзи чамци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на платформата Truth Social по најновите случувања во Ормускиот теснец и операцијата „Project Freedom“, чија цел е обезбедување безбеден премин на бродовите низ ова стратешки важно подрачје, во услови на зголемени тензии и низа инциденти во регионот.

— реклама —

Трамп тврди дека Иран извршил напади врз држави кои, како што наведе, немаат директна поврзаност со бродовите вклучени во операцијата, при што бил погоден и јужнокорејски товарен брод. Тој додаде дека „можеби е време Јужна Кореја да се приклучи на мисијата“.

— реклама —

Во својата објава, Трамп наведе и дека американските сили уништиле седум мали ирански пловила, кои ги опиша како „брзи чамци“, додавајќи дека „тоа е сè што им преостанало“.

— реклама —

Тој истакна дека, освен оштетувањето на јужнокорејскиот брод, во моментов нема други пријавени штети врз пловилата што минуваат низ теснецот.

Американскиот претседател најави и дека министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот Ден Кејн ќе одржат прес-конференција во текот на утрешното утро, на која се очекуваат дополнителни информации за ситуацијата и безбедносните мерки во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

orban-tramp1

Трамп наводно го посакува Виктор Орбан за генерален секретар на ОН

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир: „Стана ужасна земја“

Свет | пред 3 часа

media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Дали Трамп е способен да ја извршува претседателската функција? Експертите со поделени ставови

Свет | пред 16 часа

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп го нарече Обама „ужасно неспособен претседател“, расправијата прерасна во лични напади

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања