Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп за неуспешната егзекуција во Тенеси: „Како може ова да се случи?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази збунетост поради неуспешната егзекуција во Тенеси, каде што Криста Пајк преживеала смртоносна инјекција со која требало да биде погубена поради убиство извршено пред 31 година.

Трамп за случајот зборувал за време на посетата на Дентон, Тексас, откако новинар го прашал дали по неуспешната егзекуција планира да побара промени во начинот на извршување на смртната казна.

„Тоа беше интересна ситуација, но ќе треба да го прашате Тенеси дали ќе продолжи со егзекуциите“, одговорил Трамп.

— реклама —

Потоа Трамп му се обратил на американскиот конгресмен Рони Џексон, републиканец од Тексас и поранешен лекар во Белата куќа, кој бил дел од претседателската придружба.

„Знаете ли за што стануваше збор? За егзекуција каде што лекот не делувал. Тој би можел да одговори подобро од кој било. Како може ова да се случи?“, прашал Трамп.

„Не знам како може ова да се случи. Тоа би требало лесно да се изведе“, одговорил Џексон.

— реклама —

„Не би требало да биде особено тешко“, додал Трамп.

Адвокатот на Криста Пајк, Ренди Спиви, изјавил дека неговата клиентка е жива, но дека е во критична состојба и се наоѓа во болница.

Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, случајот го нарекол „трагедија“ и објавил дека егзекуциите во сојузната држава се суспендираат до крајот на 2026 година.

— реклама —

Поради тоа, под знак прашалник е и егзекуцијата на Гери Вејн Сатон, која беше закажана за 3 декември.

Пајк во 1995 година, кога имала 18 години, заедно со тогашниот 17-годишен партнер Тадарил Шип и уште еден пријател ја намамиле 19-годишната Колин Слемер во шума во Ноксвил, каде што Шип и Пајк ја мачеле и ја убиле. Обвинителството тврдеше дека Пајк се сомневала оти Слемер е заинтересирана за Шип.

Од Управата за затвори на Тенеси соопштиле дека при обидот за егзекуција биле следени сите пропишани протоколи. Според правилата, службениците треба да подготват еден комплет шприцеви со смртоносна доза, но мора да имаат доволно лек во резерва за подготовка на втор комплет доколку тоа биде потребно.

— реклама —

Неуспешната егзекуција на Пајк се случи откако Тенеси претходно годинава не успеа да го погуби Тони Карутерс, осуден на смрт за тројно убиство извршено во 1994 година. Во тој случај, лекарот задолжен за егзекуцијата не успеал да пронајде вена кај осуденикот.

Републиканската сенаторка од Тенеси, Марша Блекбурн, која е сојузник на Трамп и се кандидира за гувернер на државата, повика повторно да се воведе електричната столица како метод за егзекуција.

Во Тенеси во 2000 година беше донесен закон со кој смртоносната инјекција стана главен метод за егзекуција. Сепак, лицата кои ги извршиле злосторствата пред 1999 година ја задржале можноста да побараат егзекуција со електрична столица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 28 минути

— реклама —
media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Трамп призна дека поддршката за Израел и војната придонеле за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 2 часа

media-libraryra71f9bmedivb1APhwU

Кој ќе го наследи Трамп во Белата куќа? Републиканците ги фаворизираат Рубио и Венс

Свет | пред 2 часа

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Бајден го откри писмото што Трамп му го оставил во Белата куќа во 2021 година

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања