Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп за средбата на шефот на ЦИА во Москва: „Можеби нешто ќе произлезе од тоа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како „полурутинска“ ненадејната посета на директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф во Москва, каде што вчера разговарал со руски разузнавачки претставници.

— реклама —

Ретклиф со американски воен авион пристигнал во рускиот главен град и по само неколку часа ја напуштил земјата. Причината за посетата не беше официјално соопштена, што предизвика бројни шпекулации.

Трамп не откри детали од разговорите, но порача дека од средбата „можеби нешто ќе произлезе“, додавајќи дека Вашингтон сака да види крај на војната во Украина.

— реклама —

Кремљ потврди дека имало контакти меѓу американските и руските разузнавачки служби, но демантираше дека Ретклиф се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

„Имаше контакти со разузнавачките служби. Средба со претседателот на Русија немаше“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој оцени дека контактите меѓу разузнавачките служби се позитивен процес, кој продолжува и во најтешки периоди на односите меѓу двете земји. Според Песков, сепак, прерано е да се зборува за тоа какво влијание ќе имаат разговорите врз билатералните односи.

Посетата на Ретклиф е една од ретките на толку висок американски разузнавачки претставник во Москва. Претходно, во ноември 2021 година, Москва ја посети тогашниот директор на ЦИА, Вилијам Барнс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydv3f6bs7r4mb9hjEhX2

Трамп разгледува нови напади врз Иран, адмиралот Купер му презентирал воени опции

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Воениот буџет на САД под знак прашалник: Пентагон разгледува план од 1,1 билион долари, Трамп бара 1,5 билиони

Свет | пред 7 часа

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

(Видео) Трамп со навреди кон новинар на „Ројтерс“ по прашање за откажаните митинзи: „Одвратен си, болен си“

Свет | пред 9 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп ѝ обезбеди работно место на блиската соработничка во приватната трпезарија во Белата куќа

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања