Промени тема
Контакт

Трамп за тарифите: Ми викаат, ми го бакнуваат задникот, тие гинат за да постигнат договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Tramp

Неколку часа пред да стапи на сила новиот тарифен пакет, американскиот претседател Доналд Трамп се обрати пред Националниот републикански конгресен комитет.

Тој се пофали со бројот на земји кои го контактирале обидувајќи се да постигнат договор за намалување на царините.

— реклама —

„Овие земји ме викаат, ми го бакнуваат задникот. Тие умираат да склучат договор“, рече Трамп.

— реклама —

„Ве молам, ве молам, господине, договорете се. Ќе направам се“, го имитира Трамп наводното однесување на тие земји. Тој повтори дека е во право, а другите грешат во однос на опасностите од примената на тарифите.

Портпаролката на Белата куќа претходно објави дека телефоните „ѕвонат без престан“ и дека дури 70 земји изразиле желба за договор.

— реклама —

Аксиос вчера објави дека најмалку десетина републиканци во Претставничкиот дом размислуваат да поддржат нацрт-закон со кој американскиот Конгрес ќе бара да ги одобри тарифите во рок од 60 дена или тие автоматски ќе бидат укинати.

— реклама —

„Гледам некој бунтовен републиканец, некој човек кој сака да каже: „Мислам дека Конгресот треба да ги преземе преговорите“. Да ви кажам, вие не преговарате како што јас преговарам“, рече Трамп.

„Само што го видов тоа денес, неколку ваши конгресмени. Тие мислат дека треба да се вклучат во преговорите за тарифите. О, само ми треба тоа, ми треба некој човек да ми каже како да преговарам“, саркастично рече Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања