Промени тема
Контакт

Трет бран апанажи - ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-56-0090PM

„Во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за избори и именувања ги има уважено барањата на министрите од претходната влада: Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами за апанажа. Тие во наредните 12 месеца ќе добиваат државна плата во висина од 1500 до 2000 евра, зависно од тоа на која функција биле“, велат од Левица и додаваат:

Ова е трет пат како Собранието оди спротивно на барањата и потребите на граѓаните и одобрува апанажа за функцинерите на претходната власт. Досега ваква привилегија беше одобрена за 40 ексфункцинери, од кои 36 се поранешни пратеници, со што овие системски паразити ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра народни пари.

— реклама —
— реклама —

Апанажата, како механизам достапен единствено на една општествена група, претставува пар екселанс пример за класна дискриминација во нашето општество, односно системот функционира единствено за одржување на општественото статус-кво и за да ги задоволи потребите на економските и политичките елити кои често се испреплетени.

— реклама —

Ја потсетуваме јавноста дека единствено Левица, согласно своите програмски и идеолошки определби, преку својот член во Комисијата, пратеникот Борислав Крмов, застана во одбрана на обесправените граѓани на Македонија и гласаше ПРОТИВ ваквите срамни барања на ексфункционерите, кои продолжуваат да го цицаат буџетот на секој можен начин, додека обичните граѓани, врз чиј грб се богатат, живеат во сиромаштија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ВМОР-ДПМНЕ мисли дека народот е идиот - итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Правдата во Македонија бавно доаѓа, но и да дојде, прашање е дали ќе опстои - осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор“, вели Левица

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, вели Левица

Македонија | пред 1 седмица

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Седуммина починати за едно лето - западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а Институтот за јавно здравје го прекина неделното информирање за епидемијата

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања