Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тргнал да изврши кривично дело, па нападнал полицаец: Пијан возач уапсен кај Свети Николе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
uapsen

На 23.01.2023 година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе - Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да изврши кривично дело.

— реклама —

Откако било сопрено возилото кое го управувал М.П. излегол од истото и започнал недолично и агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што физички нападнал еден полициски службеник.

— реклама —
— реклама —

М.П. е лишен од слобода, извршено му е алкотестирање при што е утврдено дека има 2.38 примили алкохол во крвта. Во координација со јавен обвинител, поднесена е кривична пријава до ОЈО Свети Николе за сторени кривични дела "Напад врз службено лице при вршење работи од областа" по член 383 и "Загрозување на сигурноста спрема службено лице" по член 144 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавата беше веднаш процесуирана и ОЈО Свети Николе веќе поднесе обвинение за наведените кривични дела сторени кон полициски службеник. Со обвинението е поднесен и предлог за определување мерка притвор, кој е прифатен од Судот и на обвинетиот му е определена притворска мерка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Напади врз сопруги, малолетно девојче и членови на семејството: Шест пријави за насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово

Македонија | пред 11 час

tepacka1

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Македонија | пред 13 часа

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања