Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library372j1967aalr4Ld4tDV
Илустрација

Во периодот од 7 до 8 октомври, до 7:30 часот, во Македонија биле регистрирани вкупно 39 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а 35 се изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Чашка, во селото Јаболчиште, на местото „Биков Гроб“, каде што гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација; во општина Липково, кај селото Стрима, на местото „Гури Куќ“, каде што е зафатена борова и нискостеблеста шума; и во општина Дебар, кај селото Горно Косоврасти, на местата „Крушно и Вложно“, каде што гори мешана шума.

— реклама —

Под контрола е ставен пожарот во општина Студеничани, меѓу селата Драчевица и Цветово, на местото „Калдиред“, каде што гори ниска вегетација.

Во текот на периодот биле изгаснати уште 35 пожари на подрачјата на Сарај, Ѓорче Петров, Арачиново, Новаци, Могила, Прилеп, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Струмица, Босилово, Струга, Велес, Кавадарци, Неготино, Куманово, Теарце, Врапчиште и Гостивар.

— реклама —

Пожарите биле пријавени на различни локации, при што гореле ниска вегетација, шума, депонии, стрништа, ѓубре, дрва и други материјали. Во Демир Хисар бил пријавен пожар на помошен објект, а во Неготино на подрачјето на полигонот Криволак.

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата со пожарите на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања