Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Три лица приведени за семејно насилство, пет случаи пријавени за едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Министерство за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие биле регистрирани пет случаи поврзани со семејно насилство, при што три лица биле лишени од слобода.

— реклама —

На 10.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека на 07.05.2026, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината ќерка М.М..

На 11.05.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода В.Т.(40) од Скопје, постапувајќи по пријава од неговиот 61-годишен татко дека, по расправија во семејниот дом, физички го нападнал.

— реклама —

Во друг случај, на 10.05.2026 во 20:30 часот, 57-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син, по претходна расправија, му упатил закани по живот.

— реклама —

Во Берово, на 09.05.2026 во 22:45 часот, полициски службеници од Полициска станица Берово го лишиле од слобода Д.К.(47) од беровско, поради непочитување на привремена мерка за заштита од семејно насилство изречена од Основниот суд Берово. Според пријавата, тој ја вознемирувал, навредувал и малтретирал сопругата.

На 10.05.2026 во 15:35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 49-годишна велешанка, која според пријавата најпрво ѝ се заканувала на својата 52-годишна сестра преку пораки, а потоа отишла во нејзиниот двор и продолжила со заканите.

— реклама —

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивното целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 11 час

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 11 час

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања