Промени тема
Контакт

Три лица загинаа во пукање на фестивал во Сиетл, меѓу ранетите и двегодишно дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
policija-sad

Три лица загинаа, а петмина се повредени, меѓу кои и двегодишно дете, во вооружен напад што се случи на Фестивалот на храната во Сиетл, соопштија американските власти.

Градоначалничката на Сиетл, Кејти Вилсон, информираше дека едно лице е приведено, додека полицијата продолжува да трага по уште еден осомничен.

Помошник-началникот на полицијата, Тајрон Дејвис, изјави дека две лица починале на местото на нападот, а третата жртва им подлегнала на повредите во болница.

— реклама —

Полицијата веќе била присутна на фестивалот, поради што реагирала веднаш по пукањето. Според Дејвис, еден од напаѓачите се предал без отпор, додека вториот успеал да избега и по него сè уште се трага.

Конгресменката од Сиетл, Прамила Џајапал, го осуди нападот, оценувајќи го како „бесмислено насилство“.

Пукањето се случило во близина на кулата „Спејс нидл“, каде што во моментот се одржувал голем фестивал на храната. Очевидци изјавија дека најпрво помислиле оти станува збор за огномет, но веднаш потоа настанала паника и луѓето почнале масовно да бегаат.

— реклама —

„Го слушнавме првиот истрел и сите почнаа да трчаат. Само се обидувавме да најдеме безбедно место“, изјавија очевидци за локалните медиуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhopu1a1oookucOk8hPc

Пукање на фестивал во Сиетл: Тројца загинати, меѓу нив и еден од напаѓачите

Свет | пред 1 месец

media-libraryg6ovt85208e69aybiky

(Видео) Жена го запрела железничкиот сообраќај во Сиетл: слепо ѝ верувала на навигацијата и завршила на шини

Настани | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања