Магнезиумот е важен минерал за правилна работа на мускулите, коските, цревата и регулирање на крвниот притисок. Иако многумина го земаат како додаток во исхраната за подобар сон и намалување на анксиозноста, експертите предупредуваат дека прекумерниот внес може да предизвика сериозни проблеми.
Нутриционистите издвојуваат три најчести знаци дека внесувате премногу магнезиум:
Пролив и стомачни проблеми
Одредени форми на магнезиум, особено магнезиум цитрат, можат да делуваат како лаксатив. Доколку по почетокот на земањето се појави воденеста столица или чести проблеми со желудникот, можно е дозата да е превисока.Мачнина и грчеви во стомакот
Прекумерниот внес може да предизвика гадење, болки и грчеви, особено кај луѓе кои земаат високи дози или форми што потешко се апсорбираат.Низок крвен притисок
Вишокот магнезиум може премногу да ги опушти крвните садови, што доведува до вртоглавица, слабост, омалаксаност, па дури и несвестица.
Експертите предупредуваат дека во потешки случаи, особено кај луѓе со проблеми со бубрезите, може да дојде и до нарушувања на срцевиот ритам, слабост на мускулите и проблеми со дишењето.
Препорачаната дневна доза е околу 310 до 320 милиграми за жени и 400 до 420 милиграми за мажи.
Нутриционистите советуваат магнезиумот првенствено да се внесува преку исхрана, од намирници како:
банани,
јаткасти плодови,
грав,
овес,
зелен лиснат зеленчук,
авокадо,
интегрални житарки.