Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тригодишно дете почина откако останало заробено во автомобил за време на топлотниот бран во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarydespue9q0vpu9wvTZqs
Spolyakov/Pexels

Тригодишно момче почина откако останало заробено во семејниот автомобил во местото Сен Гратјен, северно од Париз, во време кога Франција се соочува со екстремен топлотен бран и рекордно високи температури.

Станува збор за трет ваков трагичен случај во земјата во текот на оваа недела, пренесува „Еуроњуз“, повикувајќи се на обвинителството во Понтоаз.

— реклама —

Според првичните информации од истрагата, детето влегло во автомобилот додека неговиот татко мислел дека спие. Момчето не можело да излезе од возилото бидејќи била активирана детската безбедносна брава.

Јавниот обвинител Гирек Ле Бра изјавил дека родителите и пожарникарите се обиделе да го реанимираат детето, но без успех.

— реклама —

Според истрагата, мајката во тој момент спиела со нивното помало дете, старо 18 месеци, додека таткото работел во градината. Тој му рекол на синот да оди да спие, но детето било надвор од видикот на родителите најмалку 45 минути.

„Според сè, само се затворило во автомобилот и останало заробено, а родителите го пронашле во бессознание“, изјавил обвинителот.

— реклама —

Мајката на детето, која доживеала шок, била пренесена во болница.

Ова е последен во низата трагични случаи поврзани со екстремните горештини во Франција. Во понеделникот, телата на две деца, на возраст од две и четири години, биле пронајдени во семеен автомобил на паркинг во јужниот дел на земјата.

— реклама —

Франција деновиве се соочува со еден од најсилните топлотни бранови во својата историја. Во Париз се измерени над 40 степени Целзиусови, а метеоролозите предупредуваат дека актуелниот топлотен бран би можел да достигне размери слични на катастрофалниот бран од 2003 година, кога животот го загубија речиси 15.000 луѓе.

Властите упатија апел до граѓаните да избегнуваат изложување на сонце и престој на отворено во најтоплиот дел од денот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Директорите на училиштата во Франција бараат заштита по серијата напади и насилни инциденти

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 4 дена

media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 4 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања