Промени тема
Контакт

Тримесечно бебе почина по напад од куче во Англија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryidp924v7036ad0oOuSa
unsplash alexas_photos

Тримесечно бебе почина вчера во местото Редкар, во англиската област Кливленд, како последица на тешки повреди здобиени во напад од куче, соопшти полицијата.

— реклама —

Според информациите на полицијата од Кливленд, инцидентот се случил во населбата Дорманстаун, каде покрај бебето била повредена и 31-годишна жена, која била пренесена во болница поради каснувања на раката.

Полицијата уапсила 45-годишен маж под сомнение дека е одговорен за кучето кое било „опасно и неконтролирано“, но тој по сослушувањето бил пуштен да се брани од слобода со кауција.

— реклама —

На местото на настанот интервенирале вооружени полициски единици, кои пронашле и усмртиле едно куче на улица, додека друго куче подоцна било еутаназирано. Од полицијата соопштија дека животните не припаѓале на забранети раси.

— реклама —

Полицијата ја опиша трагедијата како „шокантен и длабоко трагичен настан“ и повика јавноста да ја почитува приватноста на семејството, додека истрагата продолжува.

Според сведоштва, на местото биле испратени повеќе екипи на итната медицинска помош, а случајот останува предмет на понатамошна истрага.

Информациите се пренесени од британскиот медиум Sky News.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3afm3v8mgsi91aQ2gHv

(Видео) Се вратила од болница со гипс на ногата, а кучето веднаш почнало да ја имитира како оди

Вирално | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryuonic49orrfhbu5y3fJ

(Видео) Го разделиле од најдобрата другарка, од тага не сакало ни да јаде, па сопствениците ја вратиле назад

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryieaocurtv05gbqs2eHu

(Видео) Најслаткиот продавач на зеленчук: Кучето ја презеде грижата за тезгата додека газдата го немаше

Вирално | пред 2 седмици

media-library01q0l750346o1P9y8R0

(Видео) Работник со багер му направи засолниште на куче од поројниот дожд

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања