Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Трипуновски: Барам да се направи анекс на договорите како што дозволува ДКСК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Денес сум на работен состанок со земјоделците од Овчеполието, поточно во општина Свети Николе.

Денеска ќе разговараме за еден проблем за кој што се дигна голема галама, а немаше потреба од такво нешто, односно станува збор за продолжување на договорите кои што истекуваат согласно претходните склучени договори.

— реклама —

Најголем дел од земјоделците имаат поднесено речиси сите уредно барање за продолжување, меѓутоа гледаме дека министерот и Владата сакаат да ја префрлат топката дека техничкиот министер го кочи процесот, дека собраниската комисија исто така, меѓутоа она што сакам јас денеска да го пренесам на земјоделците и вас на медиумите дека постои многу елегантно решение без притоа да се прават било какви измени на законот, а тоа е дека согласно поднесените барања од страна на земјоделците министерот по претходна одлука на Влада може да склучи договор за непосредна спогодба и во овој период иако се наоѓаме во предизборието.

— реклама —

Јас пред мене го имам и дописот од ДКСК и од 2016 и од 2019 година каде што сакам да цитирам дека не постои законска пречка да бидат овие договори продолжени без притоа да се преголема политика, а земјоделците да се нервираат.

— реклама —

Имено, на прашање дали постои законска пречка во овој период да се склучуваат вакви договори, одговорот од ДКСК е следниот: од денот на донесување за одлука за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници и изборот на Влада на Република Македонија НЕ ПОСТОИ законска пречка да се донесе одлука за давање согласност за склучување договори за земјоделско земјиште. Значи повторувам не постои законска пречка.

Се поставува прашањето зошто актуелниот министер Николовски, зошто целата Влада го користи овој период да се дига паника помеѓу земјоделците, да се малтретираат и едноставно да бидат загрижени за својата производна сезона. Решението е овде, јас и вчера во текот на вчерашниот ден се обратив до медиумите и кажав дека решението е многу елегантно. Не знам зошто се прави паника и се прави политика од целава работа. Дали ова наликува на онаа паника која што ја направија со проблемите со патните исправи?

Претпоставувам дека се они само креатори на една нереална ситуација која што сакаат да ја искористат за политички цели“, вели Цветан Трипуновски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 1 седмица

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор

Македонија | пред 1 седмица

media-library49ho9epgdtpi329xDMQ

Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун  

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања