Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Трипуновски: Не чувствувам одговорност и нема да поднесам оставка, бледи се обидите на опозицијата да ме инволвира во случај за криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2fajsjqm4h2q0Ipntyt

„Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју во дневникот на Канал 5 телевизија.

— реклама —

„Јас како ресорен министер ќе продолжам да се борам и ваквите случаи да се санкционираат во целост, само на тој начин ќе можеме да градиме она што постојано го велам, доверба во институциите, што во минатото го немаше“, додаде тој.

— реклама —

Трипуновски истакна дека Владата спроведува неселективна борба против криминалот, укажувајќи дека без разлика на политичката припадност секој кој направи злоупотреба мора соодветно да одговара.

„Со овој случај гледате дека како сериозна Влада без разлика на партиска припадност, дали е некој сегашен или поранешен функционер, се бориме беспрекорно. Тоа е сериозен пристап на сериозна Влада, што во минатото не беше така“, изјави тој.

Министерот Трипуновски упати апел до секој еден граѓанин којшто можеби има за некој друг случај одредени сознанија да алармира, за како што рече тој веднаш да се постапи и санкционира.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата на опозицијата и порача дека платежната агенција е посебно тело од министерството, додавајќи дека бледи се обидите на СДСМ да го инволвираат во овој случај.

„Платежната агенција е посебно тело коешто одговара пред Владата. Значи тука елиминирам секаква поврзаност на Платежната агенција со Министерството. Вие знаете дека Платежната агенција работи согласно акредитирани мерки, согласно насоките од Брисел, согласно процедури, управувани од директор со свој менаџерски тим. Така да сите процеси коишто се внатре во Платежната агенција се водени од самата агенција и тука бледи се нападите на опозицијата да го врзат министерството со Платежната агенција. Така што, тоа што го прават е повеќе за политички поени и видливост во јавноста“, појасни тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library47tmhluq1cp46PRTcmg

Трипуновски: Од почетотокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците

Македонија | пред 5 дена

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Откупени 26 милиони килограми тутун

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykv3vkvpqi42deazu7vS

Манипулациите дека малите земјоделци ќе останат без субвенции се неточни, вели Трипуновски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања