Промени тема
Контакт

Трипуновски: Нудиме брзо решение за спорните договори за земјоделското земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Само и единствено заради решавање на егзистенцијалната судбина на повеќе од 200 земјоделски семејства кои ја потпираат својата економија на субвенциите, следејќи ја состојбата со поднесените барања за продолжување на закупот на земјоделското земјиште, предлагам конкретни решенија за брзо и едноставно надминување на состојбата.

Во име на вистината, до денес, во Собранието, има доставено два предлога кои се однесуваат на измени на Законот за земјоделското земјиште и двата предлога не го решаваат настанатиот проблем и се однесуваат за уредување на сосема друга материја.

— реклама —

Затоа што сум длабоко убеден дека креаторот на проблемот не може да биде и дел од неговото решение, нудам полесно и побрзо решение за проблемот на земјоделците. За надминување на ситуацијата предлагам две решенија:

1. Владата да донесе одлука за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба (согласно член 39 од Закон за земјоделското земјиште), по поднесени барања за започнување на постапка од земјоделци во законски предвидениот рок за продолжување на договорите, а врз основа на претходно обезбедено мислење од страна на Државната комисија за спречување на корупција што и било пракса во минатото (Мислење од ДКСК бр. 12-262/2 од 25.01.2016) и

— реклама —

2. Измена на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2024 година со која ќе се утврди дополнителен рок за поднесување на апликација за директни плаќања на оваа категорија земјоделци кои побарале во законски предвидениот рок да им се регулира правото на користење на земјоделско земјиште врз основа на веќе постоечки договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

— реклама —

Иако министерот во минатото, немал законски пречки за склучување на предметните договори, за кои барањата за продолжување на закупот биле доставени пред донесување на одлуката за распишување на изборите, тој не делувал навремено, па денес е создаден сериозен проблем, за кој овие два предлога се единственото конструктивно и брзо решение за остварување на правото за субвенции во 2024 година за оваа категорија на земјоделци“, вели Трипуновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Трипуновски: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Македонија | пред 1 месец

media-library6b5ot8g4v7tfdcw99WB

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања