Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трипуновски со добра вест: Брисел потврди нема никакви неправилности во постапките, ИПАРД средствата повторно се достапни на располагање за земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Средствата од ИПАРД програмата повторно им стојат на располагање на македонските земјоделци, откако Европската комисија потврди дека нема неправилности во постапките, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од ресорното министерство во соопштението информираат дека по спроведената детална контрола било утврдено дека системот функционира правилно и дека институциите постапувале одговорно и транспарентно во управувањето со средствата.

— реклама —

Воедно се појаснува дека Брисел формално не ги блокирал средствата, туку по отворањето на случајот со злоупотреба поврзан со поранешен директор на Платежната агенција, бил активиран национален механизам и била побарана вонредна контрола. Целта, како што наведуваат, била да се спречат евентуални сомнежи и да се зачува довербата во системот, стои во соопштението.

По извршените проверки од надлежните структури, до европските институции била доставена сеопфатна информација согласно процедурите, по што било потврдено дека нема пропусти во постапките, стои во соопштението од Министерството.

— реклама —

Од Министерството во соопштението ги отфрлаат тврдењата дека средствата биле блокирани и оценуваат дека таквите информации предизвикале непотребна загриженост кај земјоделците.

— реклама —

Во пораката до земјоделците се наведува дека можат да продолжат со аплицирање и инвестирање, при што се најавува натамошна поддршка, модернизација и развој на секторот, како и засилена контрола и транспарентност во користењето на средствата, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Трипуновски: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Македонија | пред 2 седмици

media-library6b5ot8g4v7tfdcw99WB

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

Македонија | пред 1 месец

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 1 месец

media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања