Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тројца македонски државјани приведени во Хрватска поради лепење налепници со кирилични букви на сообраќајни знаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Тројца државјани на Македонија се приведени во Хрватска и против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение дека оштетиле јавен имот во областа Цавтат, соопшти хрватската полиција.

Според информациите од Полициската управа Дубровничко-неретванска, истрагата била покрената по пријави добиени минатата недела за оштетување на јавна опрема во ова туристичко место.

— реклама —

Полициските службеници утврдиле дека со налепници биле облепени сообраќаен знак, информативна табла и корпа за отпадоци. Според полицијата, поради поставените налепници, овие предмети ја изгубиле својата препознатливост и основна намена.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека налепниците содржеле кирилични букви.

По преземените истражни дејства, полицијата најпрво пронашла двајца од осомничените, додека третиот бил лоциран и приведен следниот ден, на 30 мај, на аеродромот.

— реклама —

Станува збор за лица на возраст од 23, 25 и 26 години, кои, според хрватските власти, имаат регулиран престој во земјата.

— реклама —

Тројцата биле приведени во полициска станица, каде што против нив била спроведена кривична постапка поради сомнение за оштетување на туѓ имот.

По завршувањето на постапката, осомничените биле предадени на притворската единица на Полициската управа Дубровничко-неретванска, а случајот ќе биде понатаму процесиран од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 3 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 4 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања