Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тројца приведени во Гостивар и Тетово: Возеле без дозвола, нападнале и полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Во одвоени полициски акции во Гостивар и Тетово, приведени се три лица поради управување возила без возачка дозвола, како и попречување и напад врз полициски службеници.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 23 јуни во 20:30 часот во населбата Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот Ш.Н. од гостиварското село Беловиште.

При сообраќајна контрола, полицијата сопрела мопед со гостиварски регистарски ознаки, кој го управувал Ш.Н., при што било утврдено дека тој возел без возачка дозвола. Мопедот бил одземен, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Во вториот случај, на 23 јуни во 19:30 часот на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Ш. (26) од село Желино и А.Б. (25) од Тетово.

— реклама —

При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш., при што било констатирано дека и тој управувал возило без возачка дозвола.

Според МВР, при обидот за негово лишување од слобода и одземање на возилото, Г.Ш. агресивно се однесувал и удирал по возилото, додека неговата сопатничка А.Б. ги спречувала полициските службеници во извршувањето на службените дејствија и физички ги нападнала.

— реклама —

Двајцата биле задржани во полициска станица, а возилото е одземено. По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 9 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 9 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања