Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тројца возачи без дозвола приведени во Тетово и Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Тројца возачи се лишени од слобода во одделни полициски контроли спроведени во Тетовско и Гостиварско, откако било утврдено дека управувале моторни возила без да поседуваат возачка дозвола.

— реклама —

Од СВР Тетово информираат дека на 17 јуни во 16:45 часот во селото Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Д.К. (37) од селото Гургурница. При сообраќајна контрола било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола. Лицето е задржано во полициска станица, а возилото е одземено.

— реклама —

Истата вечер, во 18:15 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Р.Е. (29) од селото Доброште, општина Теарце. При контрола било сопрено возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, а по проверките било констатирано дека возачот нема возачка дозвола. Возилото е одземено и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Во трет случај, на 17 јуни во 23:45 часот на „Стакларска крстосница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.Т. (24) од Скопје. Тој бил затекнат како управува патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања