Тројца работници од Непал загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип–Радовиш, кога комбе со петмина патници излетало од патот и паднало од мостот во коритото на Балталичка река.
Во возилото се превезувале работници ангажирани од струмичка фирма. Според првичните информации, освен тројцата загинати, едно лице е тешко повредено, додека возачот се здобил со полесни повреди.
Основното јавно обвинителство Штип соопшти дека е извршен увид на местото на несреќата. Обвинителот наредил разговори со очевидци, обдукција на телата на загинатите и сообраќајно вештачење за да се утврдат причините за трагедијата.