Промени тема
Контакт

Тунел меѓу Русија и САД? Дмитриев ја повика компанијата на Маск да почне со изградба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryocoh3ddvkg7n1GUmqIb
фото: unsplash / илустрација

Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, оцени дека е дојдено време компанијата „Боринг“ (Boring Company), основана од американскиот претприемач Илон Маск, да започне со изградба на тунел што би ги поврзал Русија и САД.

— реклама —

„Дојде време компанијата ‘Боринг’ да започне со изградба на тунелот Путин-Трамп, кој ќе ги обедини Русија и Соединетите Американски Држави, Евроазија и Америка“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Во објавата тој сподели и груб дијаграм за тоа како би можел да изгледа тунелот под Беринговиот Проток, кој ги раздвојува Русија и Алјаска, пренесува агенцијата РИА Новости.

Идејата за изградба на интерконтинентален тунел повторно беше актуелизирана во октомври 2025 година, кога Дмитриев ја спомена можноста проектот да се реализира со користење на технологијата на компанијата на Маск.

— реклама —

Тогаш беше посочено дека изградбата би можела да чини до осум милијарди долари, а реализацијата да трае помалку од осум години.

Засега станува збор за идеја и предлог, а не за потврдена одлука за почеток на изградбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2l7nhscefh93dwOAC3D

Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка, вели Ивановски

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-libraryc4l796bfvtc40i05CgN

Делумно обновен сообраќајот низ Ла Манш – „Евротунелот“ сè уште со големи доцнења, илјадници патници заглавени со часови

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања