Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан одржаа прв состанок во Истанбул на новиот одбранбен сојуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryvq2rlsmihu5036SAoAK

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан го одржаа првиот состанок на земјите потписнички на Заедничкиот одбранбен договор од Мека, со кој трите држави воспоставија механизам за колективна одбрана и заемна безбедносна поддршка.

Средбата се одржа во Истанбул, со учество на министрите за надворешни работи и за одбрана, како и началниците на генералштабовите на трите земји.

— реклама —

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека новиот одбранбен сојуз има цел да придонесе за поголема стабилност во регионот и намалување на безбедносната неизвесност.

— реклама —

„Со овој сојуз ќе видиме сè поголема стабилност во регионот и намалување на неизвесноста“, рече Фидан, додавајќи дека постои можност сојузот да се проширува.

Фидан воедно оцени дека меѓународниот систем треба да се спротивстави на, како што ја нарече, заканата што ја претставува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

— реклама —

„Нетанјаху, геноцидна личност, која стана заеднички непријател на човештвото, меѓународната заедница и безбедноста, не е некој што треба да се сфаќа сериозно. Меѓународниот систем мора да се бори против заканата што ја претставува Нетанјаху“, изјави Фидан.

— реклама —

Договорот за заедничка одбрана беше потпишан на 7 август во Мека, во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и војната со Иран. Неговата цел е зајакнување на колективното одвраќање од каков било акт на агресија, при што вооружен напад врз една од трите земји би се сметал за напад врз сите, по примерот на членот 5 од Северноатлантскиот договор.

Турција, која има една од најголемите армии во НАТО, соопшти дека договорот со Пакистан и Саудиска Арабија е отворен за проширување. Како можен иден член се споменува Египет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 1 ден

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 2 дена

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Нема социјални мрежи за деца под 15 години: Турција воведе и посебни правила за тинејџерите

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања