Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Петмина турски војници загинаа во пад на воен хеликоптер за време на тренажен лет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Свет
media-libraryqcdjse9l0c1j7BKLfBa

Петмина припадници на турската војска загинаа во пад на воен хеликоптер АС-532 за време на тренажен лет во покраината Ескишехир, во централна Турција, соопшти Министерството за одбрана.

— реклама —

Хеликоптерот се урнал кратко по полетувањето од Ескишехир, а причините за несреќата засега не се познати. Леталото паднало во рурална област, на околу 25 километри од центарот на градот Тепебаши.

— реклама —

По пријавата биле испратени пожарникари и екипи на турската Управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Министерството за одбрана изрази сочувство на семејствата на загинатите, турските вооружени сили и граѓаните на земјата.

— реклама —

Ова е втора несреќа со турски воен хеликоптер во изминатите 12 дена. На 12 ноември четворица војници загинаа при пад на хеликоптер С-70 во источната покраина Малатија. Причината за таа несреќа сè уште не е утврдена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryr3h3bjofdmb4asQspCf

Турските власти се повлекоа: По 24-часовна потрага, тврдат дека лавицата во Истанбул никогаш не постоела

Магазин | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryr3h3bjofdmb4asQspCf

(Видео) Лавица се „шета“ низ Истанбул, потрагата трае 12 часа

Свет | пред 2 дена

media-libraryakiutl599u982jy7QWo

(Видео) Тешка несреќа во Турција: Минибус се преврте во морето, загина возачот

Свет | пред 1 седмица

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања