Промени тема
Контакт

Твитер конечно ја воведува „најбараната“ опција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
twitter-7687g6hj8

Твитер почнува да ја тестира долгоочекуваната опција „уреди твит“ која по 16 години од постоењето на мрежата им овозможува на корисниците да уредуваат твитови по објавувањето, но со опцијата се воведуваат одредени правила.

Одамна бараната опција моментално е во фаза на тестирање и најверојатно ќе функционира слично како опцијата „уреди“ на Facebook.

Според најавата на компанијата, твитовите ќе можат да се уредуваат неколку пати во рок од 30 минути од објавувањето.

— реклама —

„Модифицираните твитови ќе се појавуваат со специјална икона и временски печат, за да им биде јасно на корисниците дека не е оригиналниот твит“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Ознаката на изменетите твитови ќе вклучува целосна историја на промени, а Твитер вели дека ја тестира опцијата на мал број корисници за да ја исклучи потенцијалната злоупотреба.

Меѓутоа, при конечното внатрешно тестирање на опцијата, функцијата „уреди твит“ ќе стане достапна само за претплатниците на "Twitter blue". Тоа значи дека доколку сакате да ја искористите опцијата, треба да се претплатите на оваа социјална мрежа со 5 долари месечно. Дали и кога ќе биде достапен за сите засега не е познато.

— реклама —

Џеј Саливен, потпретседателот на Твитер, на почетокот на оваа година изјави дека оваа опција „веќе многу години е најбарана“, но дека долго време не е воведена поради загриженост за можна злоупотреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3l1ncp3lp9767qI6RjZ

„Фајрфокс“ воведува вграден блокатор на реклами на „ајфон“: Крај на досадните реклами?

Технологија | пред 5 дена

media-libraryspmre4c1giea9rsYHzI

Waze добива големо ажурирање со Gemini: Паметни рути, нови функции и подобар режим за мотоцикли

Магазин | пред 2 седмици

media-library17hlkstfv9ij9aH3q5w

Xiaomi подготвува HyperOS 4: Познато кога би можело да започне бета-тестирањето

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryvg6h2rjf0ef8dO6Ti34

Nvidia инвестира 5 милијарди долари во стартапот на коосновачот на OpenAI

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања