Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тврдења за нов сојуз: Русија му дала на Иран список на цели во Израел, тврди „Џерусалем пост“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Руски разузнавачки служби наводно му доставиле на Иран детален список со 55 клучни цели во енергетската инфраструктура на Израел, објави The Jerusalem Post, повикувајќи се на извори блиски до украинските служби.

— реклама —

Според извештајот, целите се класифицирани во три категории – од најкритични производствени капацитети, преку главни енергетски јазли во урбани средини, до локална инфраструктура како трафостаници. Како пример за примарна цел се наведува електраната „Орот Рабин“, чие евентуално уништување би можело сериозно да го наруши енергетскиот систем.

Во анализата се посочува дека Израел функционира како „енергетски остров“, односно не е поврзан со соседни електроенергетски мрежи, што го прави ранлив на удари врз клучни објекти.

— реклама —

Володимир Зеленски предупреди дека се продлабочува соработката меѓу Москва и Техеран, тврдејќи дека руското воено искуство стекнато во Украина се пренесува на Блискиот Исток.

— реклама —

„Руското знаење од бојното поле веќе влијае и ќе влијае на други региони“, изјави Зеленски, додавајќи дека постојат индиции за технолошка и воена размена меѓу двете земји.

Од друга страна, Москва ги отфрли обвинувањата. Рускиот амбасадор во Израел, Анатолиј Викторов, изјави дека ваквите тврдења се неосновани и дека Русија не доставува разузнавачки информации на Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања