Промени тема
Контакт

Уапсен уште еден маж во Полска поради закани за убиство на Доналд Туск

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Свет
media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Полската полиција уапси 46-годишен маж осомничен дека преку интернет јавно повикувал на убиство на премиерот Доналд Туск и други високи државни функционери. Апсењето било извршено во градот Оборники, во западниот дел на централна Полска.

— реклама —

Портпаролот на полската влада, Адам Шлапка, ја потврдил информацијата, пренесува ТВП Ворлд, повикувајќи се на полски медиуми и новинската агенција ПАП.

Според полското државно обвинителство, против осомничениот е поднесено обвинение за поттикнување убиство, како и за навреди кон премиерот Туск, претседателот на Сејмот, Влодимеѓ Чажасти, и новинар на полската телевизија ТВП Инфо.

— реклама —

Тој е обвинет и за навреди кон министерот за одбрана Владислав Косинијак-Камиш, пратеникот Кшиштоф Пашик и поранешниот полски претседател Лех Валенса.

— реклама —

Приведувањето на 46-годишникот се случило само еден ден по апсењето на друг маж, на возраст од околу 60 години, кој, според претходните информации, бил осомничен за закани и планирање напад врз премиерот Туск и министерот за одбрана.

Во меѓувреме, полските безбедносни служби одржале вонреден состанок по добиени информации преку електронска пошта за можен напад врз Туск и Косинијак-Камиш.

media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Уапсен мажот осомничен за планирање атентат врз Доналд Туск

Полската полиција уапсила маж осомничен дека се заканувал и планирал напад врз премиерот Доналд Туск и вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш, соопшти министерот за внатрешни работи и администрација Марчин Кервински.Туск преку социјалната мрежа Икс ѝ се заблагодари на полицијата за брзата и одлучна реакција.„Мажот кој се заканувал со атентат е уапсен. Им благодарам на полициските службеници за брзата и одлучна акција“, напиша полскиот премиер.Според полските медиуми, надлеж

Свет | пред 2 дена

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

donald-tusk

Итна средба на безбедносните служби поради можен атентат врз полскиот премиер Доналд Туск

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library53eflh1375o2b9CigKz

15-годишник со остар предмет нападна тројца вработени во училиште во Полска, едно лице почина

Свет | пред 5 дена

media-libraryoatpbidk8ula5U72ytr

(Вознемирувачко видео) Автомобил удри девојче за време на директен пренос во Полска

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh0j7lq01b4sfchf0xsO

42 секунди во полскиот воздушен простор: руски хеликоптер Ми-8 накратко ја преминал границата

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања