Промени тема
Контакт

Уапсен возачот што тешко повреди кинески работник на автопатот Охрид–Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

На автопатот Охрид–Кичево, кој е во фаза на изградба, вчераутро се случила тешка сообраќајна несреќа во која е повреден државјанин на Кина, ангажиран на градежните работи.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 15 јуни околу 07:55 часот, кај селото Оровник во општина Дебарца, К.Ш. (32) од струшкото село Корошишта, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски таблички, изгубил контрола над возилото. Најпрво удрил во шахта, а потоа и во Л.Ј. (46) од Народна Република Кина, кој во тој момент извршувал работни задачи на трасата на автопатот.

— реклама —
— реклама —

Кинескиот работник се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот претрпел телесни повреди. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, К.Ш. бил лишен од слобода, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

14 возачи приведени за безобѕирно управување, еден возел со 178 км/ч на автопат

Македонија | пред 1 час

— реклама —
velosipedi

Уапсен 32-годишник во Скопје, се сомничи за кражба на 12 велосипеди

Македонија | пред 1 час

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

18-годишна девојка од Белгија исчезнала во битолско село Лавци

Македонија | пред 1 час

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Бегалец од затвор физички ја нападнал поранешната невенчана сопруга

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања