Промени тема
Контакт

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarylv4saebpkc9b61XeLMr
ФБ

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 јуни во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Штип ја привеле Т.А. (39) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

— реклама —

Според пријавата, на 22 јуни, К.Б. (26) од Турција, кој привремено престојува во Штип и е студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека професорката од него побарала 300 евра за да положи испит што требало повторно да го полага на 29 јуни.

Во координација со Основното јавно обвинителство Штип биле преземени соодветни мерки, при што на студентот му биле предадени три криминалистичко-технички обработени банкноти во апоени од по 100 евра.

— реклама —

Професорката била лишена од слобода веднаш по примањето на парите. Таа е задржана во полициска станица, а парите се одземени.

— реклама —

По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1h11163sfc1i4wdDVG5

Шест лица пријавени за фалсификување возачки дозволи, вработената во МВР незаконски додавала категории

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryiddqb4i8th916OUjGtF

(Видео) По бркотницата со полицијата, фатен дрвокрадецот во Куманово: превезувал огревни дрва без документација

Македонија | пред 15 часа

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Девет возачи уапсени, еден возел со 175 километри на час на делница со ограничување од 80

Македонија | пред 16 часа

pari-evra-policija

Дал 3.000 евра аванс за стока, но ниту ја добил ниту му ги вратиле парите

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања